свет

ОАЕ: Постигнавме договор со Израел за испорака на нашата помош во Газа

- Договорот освен обезбедување основни средства за работа на пекарниците во Појасот Газа, вклучува и обезбедување на основните потреби на децата и да се осигури континуирано обезбедување на овие материјали за задоволување на потребите на цивилите.

Fekry Abdeen, Ali Semerci  | 21.05.2025 - Обновена : 21.05.2025
ОАЕ: Постигнавме договор со Израел за испорака на нашата помош во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) објавија дека постигнале договор со Израел за започнување испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа, известува Анадолу.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед ал Нахјан, имаше телефонски разговор со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, соопшти ВАМ (WAM), официјалната агенција на ОАЕ.

За време на телефонскиот разговор постигнат е договор за започнување на испорака на итна хуманитарна помош од ОАЕ, првично за да се задоволат потребите за храна на приближно 15.000 цивили во Појасот Газа.

Страните, исто така, разговарале за регионалните и меѓународните напори за постигнување нов договор за прекин на огнот, одржување на прекинот на огнот и ослободување на заробениците.

Договорот освен обезбедување основни средства за работа на пекарниците во Појасот Газа, вклучува и обезбедување на основните потреби на децата и да се осигури континуирано обезбедување на овие материјали за задоволување на потребите на цивилите.

Во текот на разговорот, Бин Зајед ја нагласи важноста од итно, интензивно, безбедно и без никакви пречки доставување на хуманитарна и медицинска помош за палестинскиот народ во Појасот Газа.

Обединетите нации (ОН) вчера објавија дека помошта не е доставена до Палестинците и покрај тоа што Израел, кој веќе 11 недели воведува ембарго за хуманитарната помош во Појасот Газа, објави дека дозволил влез на 93 камиони.

Во соопштението, во кое се вели дека камионите не можеле да ја дистрибуираат помошта и покрај преминувањето на палестинската страна, се наведува дека ниту еден од камионите со помош што влегле во Газа не можел да стигне до Палестинците, кои се вовлечени во хуманитарна криза од израелското ембарго, поради сообраќајни, логистички и безбедносни проблеми.

Меѓународните организации предупредуваат дека количината на хуманитарна помош што е дозволена да влезе во Газа, каде владее глад, е далеку под потребната.

Израел објави дека ќе „дозволи премин на основно количество храна за да се спречи гладта“ во Појасот Газа, каде што воведе ембарго за хуманитарната помош на 2 март.

Израелската државна телевизија КАН објави дека одлуката за итно започнување на испораката на хуманитарна помош за Газа е донесена поради политичкиот притисок врз Тел Авив, особено од САД и европските земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın