свет

Во израелски воздушен напад врз дом во Газа убиени цивили, меѓу кои и бебе старо еден ден

- Израелски воен авион го нападна домот на семејството Ал-Кахлут во Деир ал-Балах, што се наоѓа во централниот дел на Појасот Газа, што резултираше со повеќе жртви и повредени, според локални медицински извори

Aida Cako  | 21.05.2025 - Обновена : 21.05.2025
Во израелски воздушен напад врз дом во Газа убиени цивили, меѓу кои и бебе старо еден ден

ГАЗА (АА) - Израелски воен авион го нападна домот на семејството Ал-Кахлут во Деир ал-Балах, што се наоѓа во централниот дел на Појасот Газа, што резултираше со повеќе жртви и повредени, според локални медицински извори, јавува Анадолу.

Телата на убиените и повредените беа пренесени во болницата „Ал-Акса“ во градот, каде што беше потврдено дека едно од починатите е новороденче старо само еден ден.

Во неделата, израелската Армија објави почеток на широка копнена офанзива во Појасот Газа, кој е разорен од војна.​​​​​​​

Израелската Армија спроведува брутална офанзива против Газа од октомври 2023 година, при што се убиени речиси 53.600 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.