İdiris Okuduci
03 Септември 2021•Ажурирај: 04 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) испратија авион во Авганистан со итна хуманитарна помош, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Калиџ тајмс“ (Khaleej Times) јавува дека станува збор за транспортен авион кој во Авганистан достави храна и лекови.
Авионот слета на аеродромот во Кабул кој е под контрола на талибанците.
Властите на ОАЕ соопштија дека ја продолжуваат и социјалната помош за неколку илјади Авганистанци, која во рамките на американските евакуации пристигна во Абу Даби.
Паралелно со тоа, медиумската куќа „Ал Џезира“ на социјалните мрежи објави дека делегацијата на ОАЕ веќе пристигнала во Авганистан на преговори со талибанците.
Властите на ОАЕ не ја потврдија таа информација.