БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка. Во моментов Мексико со 993 починати е земја со најголем број смртни случаи во едно деноноќие на овој континент, по која следува Бразил со 764, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 764 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 581.914.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 26.280, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 20.830.495.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 19.801.725 лица претходно позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 993 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 18.138 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 261.496 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.387.885. Досега во оваа земја оздравеа 2.727.659 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 190 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 112.195. Во истиот период детектирани се 4.653 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.195.601.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.884.418 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмото место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 81 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 125.097.
Во последното деноноќие детектирани се 1.949 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.913.031. Во оваа земја досега оздравеа 4.742.640 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 50 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 36.995.
Во истиот период регистрирани се нови 575 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.639.698, а оздравеа вкупно 1.596.763 лице претходно заразени со коронавирусот.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 36 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 102 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 458.716, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 15.821.
Досега оздравеа 437.843 лица позитивни на коронавирусот.
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 24 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 990 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 342.508, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 8.998 лица, а оздравеа 107.516 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
