Ahmet Emin Dönmez
03 Септември 2021•Ажурирај: 08 Септември 2021
ЈАУНДЕ
Токсичен отпад фрлен во реката Конго од страна на рударска компанија во Ангола е причина за смртта на 12 лица кои ја користеле водата од реката во соседната држава Демократска Република Конго, а 4.502 луѓе се разболеле, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ева Базаиба, министерката за животна средина и развој на ДР Конго, соопшти дека рударска компанија во Ангола го фрлила својот отровен отпад во реката Конго.
Истакнувајќи дека отровниот отпад оставен во реката предизвикал еколошка катастрофа, Базаиба информира дека животот го загубиле 12 лица кои ја користеле водата од реката.
Министерката Базаиба додаде дека 4.502 лица се пријавиле во здравствените институции поради дијареја и проблеми со кожата.
Од друга страна, во реката е забележан масовен морталитет на риби и нилски коњи.
Државната управа на Касаи ја забрани употребата на речната вода.
Се проценува дека приближно 1 милион луѓе биле погодени од еколошката катастрофа во ДР Конго.
Реката Конго, која ја храни втората најголема дождовна шума во светот по шумите во Амазон, поминува пат долг 4.700 километри од изворот во Ангола, па сѐ до нејзиниот слив во Атлантскиот Океан.