Tufan Aktaş
25 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
КИНШАСА
Триесет и три лица загинаа при превртување на чамец на езерото Алберт, кој патувал од Уганда кон Демократската Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Витал Адубанга, позната личност во местото Вангонго при покраината Итуру, истакна дека чамецот кој патувал од Уганда кон Демократската Република Конго, потонал во близина на местото Колокото.
Тој наглас дека поголемиот дел од загинатите се жители на Конго кои не можат преку илегален пат да се враќаат во својата земја поради ограничувањата во врска со Ковид-19.
„Потврдено е дека досега има 33 загинати, додека 7 лица се живи“, рече Адубанга, додавајќи дека трговците од Конго, по пандемијата се заглавиле во Уганда, и дека во ноќните часови со чамци и кануа се обиделе да се вратат во својата земја преку езерото Алберт.
Се претпоставува дека силната бура била причина за оваа несреќа.