Gülşen Topçu
25 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Откако Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили на истокот на Либија, упати повик за подготовка за војна, либискиот министер за одбрана, Салах ен-Немруш, изјави дека нема да дозволат да се повтори 4 април 2019 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за либиската телевизија „Ал Ахрар“, Немруш истакна дека владините сили се придржуваат до примирјето прогласено под покровителство на Обединетите нации (ОН), но дека силите на Хафтар постојано го прекршуваат.
Зборувајќи дека трупите на либиската Армија чекаат инструкции од премиерот Фаиз ес Сараџ да одговорат на кршењето на примирјето во соодветно време и место, Немруш истакна дека нема да дозволат да се повтори 4 април 2019 година.
Потенцирајќи дека воените злосторници не можат да бидат дел од политичкото решение, Немруш изјави дека не доаѓа предвид да прифаат каков било обид за прикривање на злосторствата што милициите на Хафтар ги извршија на југот од Триполи и во Тархуна. „Сметам дека е многу чудно што еден разумен човек помислува да седне на маса со овој воен злосторник [Хафтар], кој ги затвори изворите за егзистенција на Либијците и постави платени војници на нафтените пристаништа“, рече Немруш.
Немруш додаде дека го поддржуваат процесот на политичко решение и дека нема да отстапат ниту еден сантиметар земја во Либија.
Вчера Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили во Либија, ја даде следната изјава:
„Ги повикувам сите наши сили да бидат подготвени да се борат против турските сили во Либија.“
Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили на истокот на Либија, на 4 април 2019 година им нареди на своите милиции да започнат напади со цел заземање на главниот град Триполи, вовлекувајќи ја земјата во бура на насилство во која нападите траеја 14 месеци.