Atila Altuntaş
24 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Норвешкиот новинар Ларс Акерхауг објави текст во кој наведува дека терористичката организаија ЈПГ на северот од Сирија врши етничко чистење над цивилното населеие, пренесува Anadolu Agency (AA).
Акерхауг за норвешкиот политички дневник „Минерва“ напиша текст во кој се осврнува на воените злосторства што ги врши терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Во текстот под наслов „Зад кршењето на човечките права на северот од Сирија се крие ЈПГ“, новинарот Акерхауг зборува за поддршката што терористичката организација ЈПГ ја добива од Западот и Норвешка, земјата од која потекнува.
„Милициите на ЈПГ, поддржани од Западот и Норвешка, во арапските села како цел ги земаат цивилите и вршат етничко чистење“, наведува Акерхауг во својот текст.
Тој истакнува дека ЈПГ киднапира опозициски куртски политичари, ги мачи и убива, а како извор за тоа го наведе истражувањето на Амнести Интернешнл (Amnesty International).
Акерхауг во својот текст укажува и на фактот дека терористичката организација ПЈД/ПКК, во регионите што ги зазема во северниот дел на Сирија, врши „масакр со цел етничко чистење“.