Ata Ufuk Şeker
24 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
БРИСЕЛ (АА) - Илјадници граѓани излегоа на улиците во главниот град на Белгија, за да протестираат против расизмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Организирани од неколку невладини организации, илјадници белгиски граѓани се собраа пред Северната железничка станица во Брисел, од каде што се упатија кон Јужната станица.
„Не сакаме расизам, бараме еднакви права за сите“, се паролите кои можеа да се слушнат од масите на улиците на Брисел, а имаше и бројни транспаренти со антирасистички пораки.
„Заедно против расизмот“, „Оставете ја дискриминацијата“, „Наместо ѕидови, да градиме мостови“, „Солидарност со бегалците“, „Добре дојдовте, муслимани“ - се само дел од транспарентите кои демонстрантите ги истакнаа денес.
Протестот заврши без инциденти.
Поради денешниот собир, бројни улици во Брисел беа затворени за сообраќај, а беа преземени и високи безбедносни мерки.