Ekipa
25 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
ГАЗА (АА) - Израел бомбардираше воена позиција на огранокот на Хамас, бригадата Изедин ал-Касам, во јужниот дел на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Медицински извори наведуваат дека во нападот на израелските бомбардери немало загинати, ниту ранети.
Израелската војска претходно соопшти дека се воочени четворица Палестинци за кои постои сомнение дека ја преминале границата за да ја оштетат воена опрема која се користи за откривање на тунелите во јужниот дел на Газа.
Се додава дека Палестинците се повлекле по приближувањето на израелските војници.