свет

Анкета: Мнозинството Германци се против извозот на оружје во Израел

Анкетата покажа дека 51% од испитаниците се против испорака на оружје во Израел, а отпорот е особено силен кај левичарските гласачи

Ayhan Şimşek  | 27.05.2025 - Обновена : 29.05.2025
Анкета: Мнозинството Германци се против извозот на оружје во Израел

БЕРЛИН (АА) - Мнозинството Германци се против извозот на оружје во Израел, покажа новата анкета објавена денес, додека се зголемуваат меѓународните критики поради воената офанзива на Израел во Газа и ограничувањата за хуманитарна помош за Палестинците, јавува Анадолу.

Анкетата на „Сивеј“ за весникот „Дер Тагесшпигел“ покажа дека 51% од испитаниците се против испорака на оружје во Израел, а отпорот е особено силен кај левичарските гласачи, каде што четворица од петмина испитаници се против таков извоз.

Меѓу демохристијаните на канцеларот Фридрих Мерц, 34% се изјасниле дека се против извоз на оружје во Израел, а 22% биле неодлучни. Во рамките на коалицискиот партнер, социјалдемократите, 48% сметаат дека не е в ред извоз на оружје во Израел.

Анкетата, исто така, откри зголемено барање на јавноста Берлин да се дистанцира од Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Околу 44% од испитаниците се за покритичен став кон Израел, во споредба со 33% во летото 2023 година. Спротивно на тоа, само 23% се за уште поблиски врски со израелската Влада.

Исто така, анкетата откри дека околу две третини од Германците сакаат нивната Влада да изврши притисок врз Израел за да дозволи влез на поголема хуманитарна помош во Газа. Ова е особено силно кај постарите Германци, кои речиси три четвртини од оние над 65 години поддржуваат зголемен политички притисок врз Израел, во споредба со половина од оние на возраст од 18 до 29 години.

Анкетата е спроведена помеѓу 23 и 26 мај 2025 година и вклучува одговори од над 3.000 германски граѓани на возраст од 18 години и повеќе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.