Elena Trenchevska Chekovich
27 Мај 2025•Ажурирај: 28 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) - Пропалестински демонстранти се собраа пред зградата на „Њујорк тајмс“ во Њујорк, САД, на Денот на сеќавањето, 26 мај, во знак на протест и да ја подигнат свеста за обемот на израелските напади врз Газа, јавува Анадолу.
Демонстрантите маршираа покрај познатите знаменитости на градот, Тајмс сквер, Брајант парк и Јавната библиотека во Њујорк, носејќи палестински знамиња и транспаренти.
Тие извикуваа слогани и повикаа на прекин на неселективното насилство врз цивилите во Газа.
Инаку Денот на сеќавањето се одбележува секоја година на 26 мај во САД, со цел оддавање почит кон американскиот воен персонал што го загубил животот служејќи во армијата.
Во бруталната израелска офанзива во Газа од октомври 2023 година досега убиени се речиси 54.000 Палестинци, повеќето жени и деца.