Riyaz Khaliq Khaliq
12 Септември 2024•Ажурирај: 13 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Специјална единица на американската морнарица се подготвува за можен конфликт во Тајван, пренесува Анадолу.
Весникот „Фајненшал тајмс“ објави дека станува збор за „SEAL 6“, истиот тим на американската морнарица кој го уби Осама бин Ладен во 2011 година, и сега се подготвува за мисии за помош на Тајван доколку биде нападнат од Кина.
Лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Бин Ладен, беше убиен во ноќен напад во Пакистан.
„‘Seal Team 6’ е најелитната единица во американската војска, а планирањето и обуката за конфликтот во Тајван трае повеќе од една година во штабот на единицата ‘Dam Neck’ во Вирџинија Бич, околу 250 километри југоисточно од Вашингтон“, објави „Фајненшал тајмс“.
Тајван е едно од жариштата на тензиите во Азиско-Пацифичкиот Регион, а САД ја снабдуваат островската земја со оружје.
Кина тврди дека Тајван е нејзина отцепена провинција, додека Тајпеј инсистира на својата независност од 1949 година.
Пентагон испрати и специјални сили за обука на тајвански војници, што наиде на критики од Пекинг.
Зголемениот ангажман на Вашингтон со Тајпеј од друга страна предизвика започнување на една од најголемите воени вежби на Кина околу Тајван. Кинески авиони и бродови редовно се движат околу Тајван.