свет

Нов Зеланд ќе ги забрани еднократните електронски цигари

Во уредбата се наведува дека комерцијалните претпријатија што им продаваат електронски цигари на лица помлади од 18 години може да бидат казнети со парична казна до 60.000 долари

İbrahim Hamdi Hacıcaferoğlu  | 20.03.2024 - Обновена : 22.03.2024
Нов Зеланд ќе ги забрани еднократните електронски цигари

ВЕЛИНГТОН (АА) - Владата на Нов Зеланд најави забрана на електронски цигари за еднократна употреба, чие „користење меѓу младите порасна на алармантно ниво“, јавува Анадолу.

Заменик-министерката за здравство на Нов Зеланд, Кејси Кастело, истакна дека зголемувањето на употребата на електронски цигари меѓу младата популација во земјата е алармантно за семејствата, наставниците и здравствените работници.

Кастело наведе дека сакаат да ги држат малолетниците подалеку од користењето електронски цигари и дека за тоа ќе се донесе нова регулатива.

Во уредбата, чија цел е да се забрани употребата на електронски цигари, се наведува дека комерцијалните претпријатија што им продаваат електронски цигари на лица помлади од 18 години може да бидат казнети со парична казна до 60.000 долари.

Во Нов Зеланд, каде што од август 2023 година е задолжително да има заштитна брава за деца на електронските цигари, забранета е употреба на привлечни називи како „шеќерна волна“ и „желе од јагоди“ во маркетингот на производите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.