политика

Опозицијата во Нов Зеланд бара протерување на израелскиот амбасадор поради нападите врз Газа

Islam Uddin  | 11.06.2025 - Обновена : 11.06.2025
Опозицијата во Нов Зеланд бара протерување на израелскиот амбасадор поради нападите врз Газа

Ankara

АНКАРА (AA) – Опозициските пратеници во Нов Зеланд денес побараа протерување на израелскиот амбасадор од земјата и воведување економски санкции за Тел Авив, јавува Радио Нов Зеланд (РНЗ), пренесува Анадолу.

Барањето за протерување на израелскиот амбасадор се случи еден ден откако Велингтон им се придружи на своите сојузници во воведувањето санкции за двајца членови на десницата во израелскиот Кабинет.

Копретседателката на Зелените, Клое Сварбрик, ги опиша израелските акции во Газа како „геноцид“ и ја повика владејачката коалициска Влада да го поддржи нејзиниот закон во Парламентот и да воведе економски санкции за Израел.

„Како поинаку би го нарекле тоа на крајот на денот?“, праша Сварбрик, додавајќи: „Во најмала рака, израелскиот амбасадор треба да биде протеран, треба да се признае палестинската држава и да се воведе специјална категорија визи за Палестинците“, пренесе РНЗ.

Таа, исто така, рече дека санкциите за двајцата израелски министри се „симболични“ и изрази жалење што било потребно речиси две години за да се стигне до оваа точка.

Австралија, Нов Зеланд, Канада, Норвешка и Обединетото Кралство вчера воведоа санкции за израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич и за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир „поради поттикнување насилство врз Палестинците на Западниот Брег“.

Деби Нгарева-Пакер, копретседателка на партијата на народот Маори (Те Пати Маори) на Нов Зеланд, најновите санкции ги нарече „политичко лицемерство“.

„Кога станува збор за војна, човекови права и обемот на насилството и геноцидот што го гледаме, Палестина е своја независна држава. Зошто оваа Влада санкционира само двајца министри? Треба да се санкционира цел Израел“, рече Пакер.

Таа ја повика Владата на Нов Зеланд да ги прекине сите дипломатски односи со Израел, да воведе санкции за израелските компании и воените претставници и да им даде поголема поддршка на меѓународните судови.

„Ова не е војна, ова е истребување. Апсолутно истребување на луѓе. Сведоци сме на поддршката за сојузниците што го вооружуваат Израел и помагаат една нација да се срамни со земја и да се продолжи со суровата окупација – нешто што никогаш не помислив дека ќе го видам во животот“, рече Пакер.

Премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Лаксон, ја бранеше одлуката на својата Влада да им се придружи на санкциите, велејќи дека земјата „нема да се повлече“.

„Сметаме дека ова е правилен чекор за нас“, изјави Лаксон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.