Adam Abu-bashal
12 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
АБУЏА (АА) - Голем број ученици се киднапирани во напад на вооружени лица врз интернат во државата Кадуна во Нигерија, Западна Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Самуел Аруван, државен комесар за внатрешна безбедност во Кадуна, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека вооружени лица, чиј идентитет сѐ уште не е познат, синоќа го нападнале Федералниот колеџ за шумска механизација во Мандо.
Аруван, истакнувајќи дека голем број ученици се киднапирани, рече дека сѐ уште немаат конечни информации за точниот број.
Комесарот Aруван исто така додаде дека безбедносните сили се испратени во областа.
- Наводи дека се киднапирани само ученички -
Според информациите во националниот печат, се тврди дека во нападот биле киднапирани само ученички.
Минатата година 937 лица го загубија животот во нападите извршени од вооружени лица во државата Кадуна, а беа киднапирани 1.972 лица.
Во Нигерија, од јануари досега, киднапирани се ученици од три училишта. Поради зачестените напади наставата во училиштата во одредени нигериски држави е прекинато.