свет

Нетанјаху се заложи дека ќе ги продолжи нападите врз Газа

Израелскиот премиер Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Бајден за продолжувањето на американската поддршка на Израел

Halime Afra Aksoy  | 18.05.2021 - Обновена : 18.05.2021
Нетанјаху се заложи дека ќе ги продолжи нападите врз Газа

КУДС (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му пренесе на американскиот претседател Џо Бајден дека неговата земја е посветена да ги продолжи воените операции против Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението издадено од Кабинетот на израелскиот премиер, Нетанјаху му се заблагодарил на Бајден за продолжувањето на американската поддршка на Израел.

„Тој му пренесе на Бајден дека Израел е посветен да ги постигне целите на воената операција за да се увери во безбедноста на своите граѓани“, се додава во соопштението.

Од друга страна, Белата куќа соопшти дека Бајден изразил поддршка за прекин на огнот за време на телефонскиот повик што го остварил со Нетанјаху.

„Бројот на жртвите од тековните израелски напади врз опколениот Појас Газа се искачи на 212“, соопшти вчера палестинското Министерство за здравство.

„Меѓу жртвите се наоѓаат 61 дете, 35 жени и 16 постари лица“, се соопштува од Министерството, додека пак 1.400 лица се повредени во текот на нападите.

Израелската Војска врши воздушни напади врз Појасот Газа од 10 мај, оставајќи зад себе огромно уништување на територијата која излегува на море.

Досега во ракетни напади на Палестинците од Појасот Газа кон Израел загинаа десет Израелци.

Неодамнешните тензии што започнаа во Источен Кудс (Ерусалим) за време на светиот муслимански месец Рамазан се проширија и во Газа како резултат на израелските напади врз верниците во џамијата „Ал-Акса“ и населбата Шеик Џарах.

Израел го окупираше Источен Кудс, каде што се наоѓа комплексот на џамијата „Ал-Акса“, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, чекор што никогаш не го призна меѓународната заедница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.