Betül Yürük
17 Мај 2021•Ажурирај: 18 Мај 2021
ЊУЈОРК (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) уште еднаш спречија Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) да упати заедничка изјава во врска со израелско-палестинската криза, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кина, како земја која претседава со СБОН во мај, и привремените членки Норвешка и Тунис, покренаа нова иницијатива за заеднички чекор по вчерашниот трет состанок на Советот за безбедност.
Советот за безбедност на ОН сакаше да упати заедничко соопштение во кое повикува на смирување на тензиите меѓу Израел и Палестина, за изразување загриженост поради израелските воздушни напади врз Газа, цивилните жртви и за протерувањето на палестинските семејства од нивните домови.
Според дипломатски извори, САД го спречиле Советот за безбедност на ОН да направи уште еден чекор во оваа насока.
Американски официјални претставници велат дека заедничката изјава која би ја упатил СБОН нема да помогне во решавањето на моменталната криза, и додаваат дека продолжуваат со интензивните дипломатски напори за решавање на кризата.