Ahmed Asmar
17 Февруари 2025•Ажурирај: 19 Февруари 2025
КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се појави денес на суд по десетти пат поради обвиненијата за корупција, пренесува Анадолу.
Според израелскиот дневен весник „Једиот ахронот“, Нетанјаху побарал дозвола да зборува директно во Окружниот суд во Тел Авив, но судијата го одбил неговото барање.
„Зачуден сум“, одговори Нетанјаху.
Ова е десетти пат како израелскиот премиер се појавува на суд од 10 декември по продолжението на судскиот процес за корупција.
Против израелскиот премиер во 2019 година се поднесени три одделни случаи за корупција. Станува збор за „Случај 1.000“, „Случај 2.000“ и „Случај 4.000“ во кои е обвинет за корупција, измама и злоупотреба на довербата. Тој ги отфрли сите обвинувања, нарекувајќи ги лажни.
Нетанјаху е првиот активен израелски лидер на кој му се суди во историјата.
Според израелскиот закон, тој не е обврзан да поднесе оставка додека не биде осуден од Врховниот суд.
Нетанјаху исто така се соочува со обвиненија од Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства и злосторства против човештвото, поради што е распишана потерница во која е вклучен и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант.
И двајцата се товарат поради војната во Газа во која се убиени над 48.200 Палестинци.