Michael Hernandez
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Доналд Трамп, претседателот на САД, на 15 февруари во Белата куќа ќе го пречека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Anadolu Agency (AA).
Шон Спајсер, портпарол на Белата куќа, синоќа ја најави посетата на Нетанјаху и соопшти дека односот меѓу Вашингтон и Тел Авив е од клучна важност за безбедноста на двата народа.
„Претседателот се радува за дискусијата за продолжување на стратешката, технолошката, воената и разузнавачката соработка со израелскиот премиер“, изјави Спајсер.
Состанокот ќе се одржи во период кога Трамп најавува дека амбасадата на САД во Израел ќе ја пресели од Тел Авив во Ерусалим, а тоа е потег што Нетанјаху повеќе време го бара. Но, доколку дојде до тоа, веројатно ќе се влошат односите со арапските сојузници на САД.
Токму на оваа тема вчераутро разговараа американскиот потпретседател Мајк Пенс и јорданскиот крал Абдула II, соопштија од Белата куќа.