Ekipa
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
МОСКВА (АА) - Во борбите што ескалираа на истокот од Украина загинаа најмалку три лица, а многу повеќе се повредени, а во еден рудник поради прекинот на снабдувањето со струја, 200 рудари останаа заглавени под земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Прес-службата за операции на украинската Влада во источниот дел на земјата, денес соопшти дека во тешкото бомбардирање околу Авдивка, кој се наоѓа во северната периферија на сепаратистичкото упориште Донецк, загинаа најмалку тројца војници, а 20 се повредени. Во соопштението се додава дека настрадале и непознат број цивили.
Борбите, кои станаа најжестоки во последните неколку месеци, се концентрирани во Авдивка, каде што се наоѓа голема фабрика за производство на кокс. Директорот на погонот за кокс вчера истакна дека поради тешкото гранатирање се подготвува прекин на производството.
Новинската агенција блиска до бунтовниците пренесува дека поради прекин на снабдувањето со електрична енергија во Донецк, под земја останале заглавени 200 рудари.