AP
01 Март 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
БРИСЕЛ (АА) - Невработеноста во 19-члената еврозона падна на најниското ниво во период од над девет години, објави Заводот за статистика на Европската Унија, Еуростат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Евростат се наведува дека стапката на невработеност во јануари изнесувала 8,6 отсто и дека останала непроменета во однос на претходниот месец, кога се намали од 8,7 отсто.
Тоа е најниска стапка на невработеност од декември 2008 година, кога еврозоната се опоравуваше од длабоката рецесија по глобалната финансиска криза.
Иако невработеноста низ еврозоната веќе неколку години бележи тренд на намалување, сепак е двојно повисока во однос на Соединетите Американски Држави (САД).
Се очекува стапката на невработеност да продолжи да опаѓа и оваа година поради континуираниот економски раст.