Furkan Naci Top
21 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
АТИНА (АА) - Во јануари оваа година, соодносот меѓу отпуштањата од работа и новите вработувања во приватниот сектор е на најлошо ниво во последните 16 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците објавени во јануари 2017 година од страна на Министерството за труд на Грција, од работа биле отпуштени 156.318 лица, а нововработени биле 126.501 лица.
Разликата од 29.817 помалку нововработени лица во однос на отпуштени, претставува највисоко ниво во последните 16 години.
Во соопштението на Министерство се наведува дека бројот на лица што самоволно ја напуштиле работата изнесува 73.609.
Од друга страна, забележано е дека сектор со највисок број на отпуштања се рестораните, со 10.000 отпуштени лица. Со 5.895 отпуштања следува секторот трговија на мало.
Грција со процент од 23 отсто е земја со највисока невработенсост во Европа. Еден од критериумите во преговорите на Грција со нејзините кредитори е олеснувањето на групното отпуштање од работа, со цел да се извршат реформи на пазарот на трудот.