Murat Birinci
15 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Процентот на невработеност во Турција во април оваа година изнесуваше 9,3 отсто, што е најнизок процент во последните 11 месеци. Во последната година во Турција отворени се милион нови работни места, јавува Anadolu Agency (AA).
Заводот за статистика на Република Турција (TUIK) објави податоци за невраоботеноста за месец април 2016 година, според кои продолжен е падот на процентот на невработеност. Невработеноста во април падна на 9,3 отсто, односно намалена е за 0,3 отсто во однос на истиот период минатата година
Податоците исто така покажуваат дека во изминатата година се вработени околу милион жители на Турција. Работната сила во Турција во моментот изнесува 30 милиони и 463 илјада жители, а бројот на невработените е два милиони и 824 илјади.
Кога станува збор за процентот на невработеност кај младите, во април оваа година изнесуваше 16 отсто, што претставува најнизок процент на месечната база од мај 2015 година.