Hajer M'tırı
01 Март 2018•Ажурирај: 02 Март 2018
ПАРИЗ (АА) - Лидерката на француската екстремно-десничарска партија „Национален фронт“, Марин Ле Пен, официјално се товари за графичките твитови во врска со насилството на ДЕАШ, кои ги постираше во 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Судската постапка во париското предградие Нантер започна откако Националното собрание на Франција го укина имунитетот на Ле Пен минатиот ноември. Европските пратеници донесоа слична одлука во март 2017 година во врска со истото прашање.
Во декември 2015 година, лидерката на француската екстремно-десничарска партија Национален фронт, на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) објави три вознемирувачки фотографии од егзекуции на ДЕАШ, вклучувајќи ја и фотографијата со обезглавеното тело на американскиот новинар Џејмс Фоли, со наслов: ДЕАШ е ОВА! По ваквата фотографија следуваше спор со новинар кој ја спореди нејзината партија со терористичката организација ДЕАШ.
Подоцна, францускиот обвинител отвори истрага и побара укинување на европскиот и на францускиот парламентарен имунитет на Ле Пен.
Во рамките на францускиот закон, оние што се осудени поради обвиненија за ширење фотографии на кои е прикажано насилство можат да се соочат со пет години затвор и да добијат парична казна од 75.000 евра (79.000 долари).