Melda Altakhan
27 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
ФРАНКФУРТ (АА) - Според анкетата која ја изработи „Сентикс” за очекувањата од пазарот, во наредните 12 месеци постои можност од распаѓање на еврозоната, поради проблемите со Грција и Португалија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според резултатите од анкетата изработена во септември за Индексот на распад на еврозоната (ИРЕ), судбината на еврозоната продолжува дека биде мрачна, бидејќи нема никакви подобрувања во однос на претходните месеци.
Според „Синтекс”, Индексот на распад на еврозоната од 15,7 минатиот месец се зголемил на 16,3 овој месец. Според инвеститорите кои учествувале во оваа анкета, 16,3 сметаат дека во рок од 12 месеци можен е распад на еврозоната.
Според анкетата, меѓу инвеститорите и во септември 2016 година продолжува загриженоста од заканата за неизбежен колапс на еврозоната, особено во економиите на Грција и Португалија.
Конкретниот индекс, кој се подготвува од 2012 година досега се објавува на месечна основа. Индексот свое највисока вредност имал во јули 2012 година со 73 отсто, додека најниска вредност имал во јули 2014 година со процент од 7,6 отсто.
Последната анкета која е изработена во периодот од 22 до 24 септември опфаќа 1.050 инвеститори од индивидуалниот и институционалниот сектор.