Recep Canik
16 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
МОГАДИШУ (АА) - Билансот на смртно настраданите во саботниот терористички напад во главниот сомалиски град Могадишу и понатаму расте, а според последните информации животот го загубија најмалку 300 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдулкадир Адам, директорот на амбулантниот сервис „Ел Емин“ во Могадишу, соопшти дека неколкумина повредени во саботниот напад починале утринава и дека билансот на загинатите се зголемил над 300 лица.
Во болниците се хоспитализирани речиси 300 ранети лица, а Адам изјави дека постои можност билансот на смртно настраданите да се зголеми бидејќи десетици ранети се наоѓаат во животна опасност.
Во Сомалија вчера беше прогласена тридневна национална жалост, а денес започна и погребувањето на загинатите во двете експлозии кои во саботата одекнаа во центарот на градот.
Турција најостро го осуди терористичкиот напад, а утринава во Могадишу слета амбулантен авион на турската војска кој достави хуманитарна и медицинска помош. Во Турција со тој авион ќе бидат префрлени ранетите за чие лекување нема услови во болниците во Могадишу.