Најмалку 21 Палестинец убиени на пункт за хуманитарна помош на САД во јужна Газа, многумина задушени од солзавец
„За прв пат се регистрирани смртни случаи од задушување и интензивно стампедо на граѓаните во центрите за дистрибуција на хуманитарна помош“

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 21 Палестинец се убиени денес чекајќи да добијат хуманитарна помош близу американскиот дистрибутивен пункт во јужна Газа, од кои многумина се задушија од солзавецот испукан од израелските сили, соопшти Министерството за здравство, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се наведува дека меѓу жртвите има 15 лица кои се задушиле од солзавецот фрлен од израелската Армија во градот Кан Јунис.
„За прв пат се регистрирани смртни случаи од задушување и интензивно стампедо на граѓаните во центрите за дистрибуција на хуманитарна помош“, се додава во соопштението.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.