свет

Кина го отфрли предупредувањето на шефот на НАТО за санкции од САД поради војната во Украина

„Кина се спротивставува на едностраните санкции и јурисдикцијата (за странски држави). Царинските војни немаат победници, и принудата и притисокот нема да водат никаде.“

Riyaz Khaliq Khaliq  | 16.07.2025 - Обновена : 16.07.2025
Кина го отфрли предупредувањето на шефот на НАТО за санкции од САД поради војната во Украина

ИСТАНБУЛ (АА) - Пекинг денес го отфрли предупредувањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Бразил, Кина и Индија би можеле да бидат погодени од секундарни санкции на Соединетите Американски Држави (САД) доколку ја продолжат трговијата со Русија, јавува Анадолу.

„Дијалогот и преговорите се единствениот одржлив излез од кризата (во Украина), изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, на прес-конференција во Пекинг.

Тој додаде: „Кина се спротивставува на едностраните санкции и јурисдикцијата (за странски држави). Царинските војни немаат победници, и принудата и притисокот нема да водат никаде.“

По средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, Руте за новинарите изјави: „Претседателот Трамп рече, во основа, ако Русија не е сериозна во врска со мировните преговори (за Украина), во рок од 50 дена, тој ќе наметне секундарни санкции врз земји како Индија, Кина и Бразил.“

Неговите изјави дојдоа откако Трамп во понеделникот се закани дека ќе воведе 100 % секундарни царини врз Русија доколку не се постигне договор за ставање крај на војната во Украина во рок од 50 дена.

„САД сега масовно ќе ја снабдуваат Украина со оружје од САД, не само со противвоздушна одбрана, туку и со ракети и со муниција платена од Европејците.“

Сепак, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин, рече: „Се надеваме дека страните ќе помогнат во создавањето атмосфера и услови за политичко решавање на украинската криза.“

Во врска со коментарите за Кина од поранешниот советник за национална безбедност на САД, Мајк Валц, кој е номиниран од Трамп за во ОН, Лин рече: „Овие изјави ја одразуваат типичната идеолошка пристрасност, Студена војна, менталитет на сума-нулта, Кина цврсто го отфрла тоа.“

За време на гласањето за потврда, Валц рече: „Мораме да го блокираме и да се справиме со кинеското влијание (во ОН). ... Америка мора да има силен глас и, доколку бидам избран, ќе соработувам со (државниот секретар Марко) Рубио за да го спречам ова влијание.“

Лин, сепак, повика на „разумни, конкретни напори“ од страна на САД за „одржливи“ билатерални односи „наместо спротивното“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın