Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
17 Декември 2019•Ажурирај: 18 Декември 2019
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 12 лица загинаа во нападите на силите на режимот на Башар ал Асад врз цивилите во сириски Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воздушните и копнените напади се извршени врз различни локации во деескалационата зона во Идлиб, Сирија. Меѓу бомбардираните места е и еден пазар.
Од Цивилната заштита во Идлиб (Бели шлемови) е потврдено дека според првичните информации загинале 12 цивили. Меѓу загинатите има и деца. Наведено е дека се ранети голем број лица.
Бомбардирањето и понатаму трае и постои загриженост дека бројот на загинати би можел да се зголеми.
Во нападите кои режимските и руските сили ги извршуваат од 17 септември 2018 година во деескалационата зона во Идлиб, загинаа над 1.300 цивили.
Повеќе од милион лица во последната година мигрираа кон побезбедните подрачја во близина на турската граница.
Со посредство на Турција и Русија, во Сочи на 17 септември 2018 година е постигнат договор за примирје во Идлиб и воспоставување деескалациона зона.