Ekip
13 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
КАЛИФОРНИЈА (АА) - Научниците од Универзитетот во Јута утврдија дека бор од видот pinus longaeva, кој е пронајден во шумите во западниот дел на САД, е најстарото живо суштество на Земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Борот во ридовите на Калифорнија е стар 5.067 години, а професорката од Јута, Карен Мок, изјави дека староста на борот е утврдена со научниот метод со анализа на мутациите на ДНК.
Недалеку од него се наоѓа уште еден бор којшто е стар 4.840 години, со што е второто најстаро суштество на планетата. На трето место е исто така бор којшто веќе 3.840 години расте во Невада.
Ботаничарот Жоао Педро де Магалхаес од Универзитетот во Ливерпул вели дека во студените води на Aнтарктикот живеат стаклени сунѓери за кои се претпоставува дека се на возраст до 15.000 години, но тоа сѐ уште не е научно докажано.
„За овие сунѓери се знае само дека тие се стари и имаат бавен метаболизам поради ладната вода во којашто живеат. Најстарото суштество за кое постои научен доказ е борот во Калифорнија“, истакнува Магалхаес.
Утврдувањето на староста на дрвјата преку броење на годовите на дрвото, не е точен метод за сите видови дрвја и неговата маана е во тоа што дрвото најпрвин мора да се исече.
Научниот метод со следење на мутациите на ДНК е значително покомплексен и попрецизен, тврдат научниците.