Ata Ufuk Şeker
02 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека НАТО и сојузниците треба да обезбедат поголема и побрза помош за Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг по средбата со украинскиот претседател Владимир Зеленски на својот профил на социјалните мрежи сподели соопштение.
Наведувајќи дека разговарале за приоритетите во однос на воената поддршка на Украина, Столтенберг изјави: „Од витално значење е НАТО и неговите сојузници да обезбедат поголема помош за Украина и тоа што е можно побргу.“
Столтенберг истакна дека во рамките на Црноморската иницијатива за жито, се разговарало за испловувањето на првиот комерцијален брод со жито од украинското пристаниште Одеса, и укажа на важноста од целосна имплементација на договорот со посредство на Обединетите нации (ОН) и сојузничка Туркије.