Emre Gürkan Abay
02 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека можната посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД), Ненси Пелоси, ќе ја зголеми тензијата во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Песков во главниот град Москва се осврна на можната посета на Пелоси на Тајван.
Наведувајќи дека сè уште не е јасно дали Пелоси ќе го посети Тајван, Песков рече: „(Азиската турнеја на Пелоси) Сè што е поврзано со оваа турнеја и можната посета на Тајван е целосно провокативно. Ја провоцира ситуацијата, доведува до ескалација на тензиите.“
Тој истакна дека Русија е во солидарност со Кина во однос на случувањата: „Се разбира, уште еднаш сме во солидарност со Кина. Го разбираме чувствителниот став по ова прашање и тие се во право.“
Наведувајќи дека САД зазеле конфронтирачки ставови наместо да ја ја почитуваат чувствителноста на прашањето, Песков нагласи: „Ова не е добар знак. Тука можеме само да го истакнеме нашето жалење.“
- Посетата на претседателот Ердоган на Сочи -
Во врска со претстојната средба на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател Владимир Путин, во Сочи на 5 август, Песков рече дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералната соработка.
Истакна дека двајцата лидери ќе разговараат за многу прашања од економијата сè до регионалните прашања и додаде: „Состанокот е исто така добра можност за разговори за прашањата за Сирија и Украина, за ефективноста на воспоставениот механизам за испорака на жито и споделување ажурирани информации од испораката и размена на мислења за меѓународните односи.“