Alaattin Doğru
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
ДАКАР (АА) - Во напад на терористичката организација Боко Харам во југозападниот дел на Чад, убиени се 7 војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на локалните медиуми, милитантите на Боко Харам нападнале воена единица во селото Нгубуа во басенот на езерото Чад. Во нападот загинаа 7 војници, а 13 беа повредени.
Ранетите војници се пренесени во болниците во главниот град Енџемине.
Во нападот на Боко Харам на остров, кој му припаѓа на Камерун, во езерото Чад, извршен во почетокот на јуни загинаа 37 војници и цивили.
Организацијата неодамна ги зголеми своите напади во басенот на езерото Чад.
При акциите на масовно насилство на терористичката организација Боко Харам убиени се повеќе од 20 илјади луѓе. Тие во Нигерија фигурираат од почетокот на 2000-тите, додека во Камерун, Чад и Нигер, од 2015 година.
Во 2015 година, земјите од басенот на езерото Чад ја формираа Мултинационалната заедничка работна група за борба против терористичката организација.