Şenhan Bolelli
25 Јануари 2021•Ажурирај: 26 Јануари 2021
МАДРИД
Марсело Ребело де Соуза победи на претседателските избори во Португалија и се избори за уште еден претседателски мандат во оваа држава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Португалија се одржаа десеттите претседателски избори на кои за претседател на државата се натпреваруваа 7 кандидати, а победата ја однесе 72-годишниот Де Соуза, освојувајќи 60,7 % од гласовите, изборувајќи се за својот втор петгодишен мандат.
Де Соуза извојува висока победа уште во првиот круг на изборите. Во моментов, тој е кандидат на опозициската Социјалдемократска партија на Португалија.
Ана Гомез како кандидатка на актуелната владејачка Социјалистичка партија освои 12,97 % од гласовите.
Андре Вентура, лидерот на екстремно десничарската партија Чега освои 11,9 % од гласовите, а ја предводи партијата што е основана пред две години.
Де Соуза во својот победнички говор најави дека приоритети во неговиот нов мандат ќе бидат борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и екстремизмот во Португалија.
На изборите во Португалија гласаа 39,49 % од регистрираните гласачи, што претставува најмала излезност во демократската историја на земјата.