Muhammed Ali Toruntay
15 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
АНКАРА (АА) - На Автопатот М4 во сирискиот град Идлиб е реализирана 1. заедничка копнена патрола на војниците на Турција и Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Во рамки на Договорот од Москва, со учество на копнените и воздушните елементи, на Автопатот М4 во Идлиб е реализирана 1. Турско-руска заедничка копнена патрола“, се наведува во ова соопштение.