Ali Rezzakoğlu
13 Мај 2022•Ажурирај: 14 Мај 2022
АБУ ДАБИ (АА) - Министерството за претседателски работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска ја објави смртта на претседателот на земјата, шеикот Халифа бин Зајед ал Нахјан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што јави државната новинска агенција (WAM), преку соопштение Министерството изрази жалење и тага заедно со „народот на ОАЕ, арапската и исламската нација и целиот свет“ поради смртта на шеикот Халифа бин Зајед ал Нахјан“.
Роден во 1948 година, шеикот Калифа беше избран во 2004 година да го наследи својот татко, шеикот Зајед ал Нахјан, кој дојде на чело на земјата во 1971 година.