свет, Коронавирус

Тајван: Рекордни над 65.000 случаи дневно на заразени со Ковид-19

Во Тајван, кој уште од самиот почеток успешно ја држеше под контрола епидемијата на Ковид-19, од крајот на март досега се забележува експоненцијално зголемување на случаите на лица позитивни на коронавирусот

Emre Aytekin  | 13.05.2022 - Обновена : 17.05.2022
Тајван: Рекордни над 65.000 случаи дневно на заразени со Ковид-19

ПЕКИНГ (АА) - Со над 65.000 регистрирани случаи на Ковид-19 на дневна основа во Тајван кој е во конфликт со Кина поради суверенитетот на земјата, достигнато е највисокото ниво на заразени од почетокот на епидемијата во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението што го објави Централниот команден центар за епидемии (CEEC) на Тајван, во последните 24 часа се детектирани 65.385 случаи на зараза од локално потекло и 61 случај од надворешно потекло, додека од последици предизвикани од коронавирусот починале 17 лица.

Ова е првпат бројката на лица позитивни на Ковид-19 од почетокот на пандемијата да надмине 60.000.

Починатите се 9 мажи и 8 жени, лица на возраст од 60 до 90 години, од кои 15 лица имале хронични заболувања, а шестмина биле невакцинирани.

Во периодот од 1 јануари до 11 мај, 805 лица од 478.870 случаи на зараза со Ковид-19 регистрирани на островот покажале знаци на умерена болест, 168 од нив покажале знаци на тешко заболување, додека кај останатите не се забележани никакви симптоми или лесно ја прележале болеста.

Интересен е фактот дека во Тајван, кој уште од самиот почеток успешно ја држеше под контрола епидемијата на Ковид-19, од крајот на март досега се забележува експоненцијално зголемување на случаите на лица позитивни на коронавирусот.

Во островот со популација од приближно 23,8 милиони жители, за првпат го надмина прагот од 1.000 случаи на зараза дневно на 15 април, 10.000 на 28 април, 20.000 на 3 мај, 40.000 на 7 мај, а 50.000 на 10 мај.

Се смета дека причината за овој голем бран на зараза во Тајван е резултат на варијантата Омикрон која е распространета во континенталниот дел на Кина и во Хонгконг.

Тајванските власти не презедоа никакви дополнителни заштитни мерки, иако се соочуваат со зголемување на случаите на зараза.

Може да се забележи дека за разлика од стратегијата на „нулта случаи“ во континентална Кина и во Хонгконг, островот кон Ковид-19 има стратегија на „приспособување на животот со вирусот“.

Досега на Тајван се регистрирани 570.870 лица позитивни на Ковид-19, од кои животот го загубија 968 заразени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın