Ekip
19 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународната унија на муслимански научници (IUMS) ја повика меѓународната заедница да донесе закон со кој се забранува навредување на религијата и на светите нешта, известува Агенција Анадолија (АА).
Групата со седиште во Доха во апелот наведе дека ќе испратат делегација на муслимански научници во исламските земји на разговори за сѐ поголемиот број навреди кон исламот.
Меѓународната унија на муслимански научници (IUMS) ќе побара од Организацијата на исламската соработка (OИС) и од Обединетите нации (ОН) да се залагаат за формирање закон со кој би се забраниле какви било навреди на сметка на верските свети нешта.
Овој потег доаѓа во ек на бурните реакции на исламскиот свет поради навредите што портпаролот на владејачката партија во Индија ги изнесе кон божјиот пратеник Мухамед.
Властите на Катар, Кувајт и Иран беа меѓу најгласните во осудата на тие навреди и ги повикаа на разговор индиските амбасадори.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така ги осуди навредите и порача дека се противи на сите видови говор на омраза и ја повика Индија да ги почитува сите религии.