Islam Doğru
19 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
ЊУЈОРК (АА) - Додека во САД е засилен протокот на патници поради 19 јуни, празникот „Џунтинт“, неповолните временски услови и недостатокот на персонал го отежнаа одвивањето на авиосообраќајот, известува Агенција Анадолија (АА).
Управата за безбедност на транспортот (TSA) соопшти дека овој викенд е забележан најголем број патници од Денот на благодарноста во 2021 година.
Податоците на Управата за безбедност на транспортот (TSA) покажуваат дека на 17 јуни безбедносната контрола на аеродромите ја минале 2,44 милиони патници.
Од друга страна, откажувањето на летовите и нивното доцнење предизвикаа хаос на голем број аеродроми во земјата.
Информациите објавени на интернет-страницата „FlightAware“, која ги објавува податоците за одвивањето на авиосообраќајот, покажуваат дека на 17 јуни се откажани околу 1.500 летови, додека близу 9.000 се пролонгирани.
До откажувањето и пролонгирањето на летовите дошло поради неповолните временски услови во некои делови од земјата, но и поради недостатокот на персонал во авиокомпаниите предизвикан од пандемијата и поради потешкотиите со инфраструктурата.
Министерот за транспорт на САД, Пит Бутиџиџ, кој се состана со претставниците на авиокомпаниите, ги предупреди авиокомпаниите на можните казни, вклучувајќи и парични, за оние кои не се придржуваат до стандардите во насока на заштита на правата на потрошувачите.
Бутиџиџ ги повика компаниите да бидат внимателни и да преземат чекори, земајќи предвид дека се приближува Денот на независноста, што се одбележува на 4 јули, но и остатокот од летниот период кога доаѓа до зголемување на протокот на патници.