Saadet Firdevs Aparı
19 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
ДАКА (АА) - Во невремето што предизвика грмотевици и поплави во Бангладеш настрадаа 27 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Официјалните лица соопштија дека 17 лица настрадале од удар на гром, петмина се удавиле, четири лица настрадале во свлечишта, а едно лице починало при потонување на чамец.
Министерот за управување со вонредни ситуации, Анамур Рахман, изјави дека од 64 административни окрузи, 10 се погодени од поплави.
Рахман соопшти дека во областите Силет и Сунамганџ се забележани најголемите поплави во последните 100 години.
Поплавите погодија повеќе од 5 милиони луѓе, а неколку илјади останаа заробени.
Во тек е операција за спасување.
Надојдените води предизвикаа судир на два брода во реката Падма, а повредени се најмалку 10 лица.