Şenhan Bolelli
19 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
МАДРИД (АА) - Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, изјави дека главна тема на НАТО-самитот, што од 28 до 30 јуни ќе се одржи во Мадрид, ќе биде барањето на Финска и Шведска за членство во Алијансата, известува Агенција Анадолија (АА).
„Можното приклучување на Финска и Шведска во НАТО ќе биде главна тема на самитот во Мадрид“, рече Албарес за време на програмата на својата партија.
Тој додаде дека самитот ќе се одржи во време кое е пресвртница за безбедноста на НАТО и Европа и дека се минува низ тежок период по руската инвазија на Украина.
Шпанскиот шеф на дипломатијата најави дека во Мадрид ќе престојуваат претседатели на држави или премиери од 40 земји и додаде дека секоја земја не може да одржува ваков самит, земајќи ги предвид големите логистички потешкотии.