Elena Teslova
01 Септември 2022•Ажурирај: 02 Септември 2022
МОСКВА (АА) - Тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) пристигна во украинската нуклеарна централа „Запорожје“, објавија денеска руските медиуми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Медиумите објавија видео на кое се гледа како конвој со симболи на ОН влегува во теренот на фабриката, придружуван од воени и полициски возила.
Под контрола на Москва од почетокот на војната, која Русија ја започна на 24 февруари, најголемата европска нуклеарна централа беше гранатирана неколкупати, предизвикувајќи загриженост за нуклеарна катастрофа.
Агенцијата ќе разговара за низа опции за решавање на проблемот, вклучително и организирање постојан престој на нејзините експерти во централата.