Dmitri Chirciu
01 Септември 2022•Ажурирај: 02 Септември 2022
МОСКВА (АА) - Во Русија започна стратешката воена вежба „Восток-2022“ (Исток), во која учествува и Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на руското Министерство за одбрана, во вежбата „Восток-2022“ учествуваат војници и воени набљудувачи од 14 земји, меѓу кои Русија, Кина, Индија и Азербејџан.
Во вежбата која се одржува на седум полигони во Русија и во водите на Охотско Море и Јапонско Море, вклучени се над 50.000 војници, 140 авиони, 60 воени бродови и повеќе од 5.000 илјади оружје и воена опрема.
Целите на вежбата се одржување на мирот и обезбедување воена безбедност во источниот регион на земјата. Се одржува под раководство на Генералштабот на Руските вооружени сили.
Вежбата ќе трае до 7 септември.