Meiramgul Kussainova
07 Јули 2022•Ажурирај: 09 Јули 2022
КИЕВ (АА) - Заменичката на украинскиот министер за одбрана, Ана Малјар, изјави дека Русија наскоро би можела да започне нов напад во Запорожје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Малјар во заедничка емисија на локалните телевизиски канали изјави дека Русија зајакнала најмалку пет баталјонски тактички групи во правец на Запорожје.
„Во правец на Запорожје и Новопавловск, непријателот најверојатно ќе изврши напад во Запорожје или ќе сврти во правец на Велика Новоселовка-Покровскоје за да ги опколи нашите единици“, рече Малјар.