Kasım İleri
01 Март 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Се тврди дека мировниот план за Авганистан на Министерството за одбрана на САД (Пентагон), доставен до европските земји, предвидува американските војници за 5 години целосно да се повлечат од земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Некои детали од мировниот план подготвен од Пентагон, кој предвидува поделба на власта меѓу Талибанците и Владата на Кабул во Авганистан, ги објави весникот „Њујорк тајмс“.
Во веста на „Њујорк тајмс“ базирана врз информациите од американски и европски функционери се вели дека во рамките на планот во наредните месеци САД ќе го намалат бројот на американските војници во Авганистан, кој изнесува речиси 14.000, на половина.
Во планот се предвидува 8.600 сојузнички сили во Авганистан да продолжат да ја обучуваат авганистанската Војска предводена од НАТО. Американските војници што ќе останат во земјата се планира да учествуваат само во операциите против тероризмот.
Според планот, кој се преговара со европските земји, се очекува сите американски и меѓународни коалициски сили за 5 години целосно да се повлечат од Авганистан.
Портпаролот на Пентагон, потполковникот Коне Фолкнер, во изјавата за АА, рече: „Сè уште нема одлука за тоа прашање.“
Се тврди дека мировниот план на Пентагон е поддржан од главниот град на САД, Вашингтон, и од голем број европски земји.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во декември, мислејќи на Авганистан, Ирак и Сирија, рече дека неговата земја ќе се повлече од „бескрајните војни“.