Safvan Allahverdi
01 Март 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Администрацијата на САД понуди награда од 1 милион долари за Хамза бин Ладен, синот на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот Стејт департмент, во однос на наградата за Хамза, синот на Осама бин Ладен, испрати писмено соопштение.
Во соопштението се вели дека Хамза бин Ладен е дефиниран како нов лидер на организацијата Ал Каеда. Тој од 2015 година до денес објавува аудио и видеопораки на интернет, повикувајќи ги своите следбеници да вршат напади врз САД, и се обидува да се одмазди за татко му Осама бин Ладен, кој беше убиен во 2011 година.
Во писмената изјава на Стејт департментот, исто така, се посочува дека Хамза од јануари 2017 година го има статусот на „специјално означен глобален терорист“, па затоа целиот негов имот во САД е замрзнат.
„Програмата Награда за правда на американскиот Стејт департмент нуди 1 милион долари за доставување информации за идентитетот или за локацијата на главниот лидер на Ал Каеда, Хамза бин Ладен“, се вели во соопштението.