Aydoğan Kalabalık
01 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
ТРИПОЛИ
Во ракетниот напад врз главниот град Триполи, кој го изведоа милициите поврзани со Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на Либија, загинаа пет цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Функционер од Министерството за здравство при меѓународно признаената Влада на нациоланото единство на Либија Емин ал Хашими рече дека милитантите на Хафтар изведоа ракетен напад врз Триполи.
Истакна дека ракетите ги погодиле населените подрачја во квартот Сук ес-Сулес, додавајќи дека во нападот загинаа најмалку петмина цивили.
Либиската војска во изминатите денови остварува големи успеси во борбата против милитантните сили на Хафтар. Милитантите на Хафтар во изминатите неколку денови изгубија контрола во повеќе градови во Либија, вклучувајќи ја и воздушната база Ал-Ватија чие ослободување либиската војска го оцени за стратешки успех.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога Моамер ал Гадафи беше соборен од власт и убиен.
Во земјата владеат судири меѓу меѓународно признатите либиски владини трупи и силите поврзани со Хафтар.