свет

Меркел со поддршка за Глобалниот договор за миграции на ОН

Меркел го пофали успехот на Договорот ЕУ-Турција за справување со илегалната миграција и подобрувањето на животните услови на сириските бегалци.

Ayhan Şimşek  | 21.11.2018 - Обновена : 22.11.2018
Меркел со поддршка за Глобалниот договор за миграции на ОН

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, денес ја изрази својата поддршка за Глобалниот договор за миграции на Обединетите нации (ОН), истакнувајќи дека само преку меѓународна соработка може да се изнајде решение за глобалните предизвици, јавува Anadolu Agency (AA).

Во обраќањето пред пратениците во германскиот Бундестаг, за време на дебатата за годишниот буџет, Меркел остро ја критикуваше крајно-десничарската Алтернатива за Германија (AfD) за спротивставувањето на Глобалниот договор за миграции на ОН.

„Според нашето искуство, прашањата на раселувањата и миграциите може да се третираат само во меѓународни рамки, ниту една земја не може да се справи со овој проблем сама“, истакна Меркел, укажувајќи на приливот на сириски бегалци од 2015 година.

Таа го пофали успехот на Договорот ЕУ-Турција за справување со илегалната миграција и подобрувањето на животните услови на сириските бегалци.

Меркел потенцираше дека Глобалниот договор за миграции на ОН нема да биде правно обврзувачки, но ќе ги утврди насоките за државите во врска со прашањата за миграцијата и азилот.

„Преку овој договор ние ги бараме правилните одговори. Ние сме на почетокот, и се обидуваме заеднички да изнајдеме меѓународно решение за глобалните проблеми“, нагласи Меркел.

Договорот за миграции на ОН беше склучен во јули, по двегодишни дискусии меѓу земјите членки.

Правно необврзниот договор, кој има за цел миграциите низ светот да бидат побезбедни и со воспоставен ред, формално ќе биде усвоен на Меѓународната конференција во Мароко на 10 и 11 декември.

Европските популистички влади во Австрија, Полска и Унгарија, како и од неколку други земји, вклучувајќи ги САД, Израел и Австралија, неодамна објавија дека нема да го потпишат Договорот, тврдејќи дека тој би можело да ги поткопа нивниот суверенитет и имиграциската политика.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın