Gülşen Çağatay
21 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека Саудиска Арабија имала клучна улога во блиската соработка со Соединетите Американски Држави (САД) во однос на одржувањето на цените на нафтата на разумно ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
Нагласувајќи дека пониските цени на нафтата се важни во светски рамки, Трамп рече дека се потпира на Саудиска Арабија за да ја одржи ниската цена на нафтата, откако неговата администрација ги продолжи санкциите против Иран.
„Саудиска Арабија, доколку прекинеме (со нашите односи) со нив, сметам дека вашата цена на нафтата екстремно ќе се зголеми“, истакна Трамп за новинарите.
„Јас ги задржував на ниско ниво. Тие ми помогнаа да ги задржам (цените) ниски“, додаде тој.
Цената на нафтата доживеа ненадеен пад за дури 6,8 отсто вчера и дополнително падна откако Белата куќа го објави соопштението дека застанува до Саудиска Арабија.
Соопштението доаѓа во многу чувствително време кога глобалниот центар на вниманието е фокусиран на Мухамед бин Салман, престолонаследникот на Саудиска Арабија, и де факто владетел на земјата, за неговата можна улога во случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Хашоги, кое се случи во Истанбул на 2 октомври.
Трамп, исто така, е под притисок да ја казни Саудиска Арабија за убиството на Кашоги.